Во октомври увезени 1.530 возила со Еуро 2

Bez autora
Nov 09 2010

Интересот кај македонските граѓани за набавка на стари возила не стивнува. Само во месец октомври годинава набавени се рекордни 1.530 возила што го исполнуваат Еуро 2 стандардот. Од Царинската управа на Македонија потврдуваат дека интересот продолжува и дека бројката од над 1.500 увезени употребувани возила е 5,5 пати повеќе отколку истиот месец лани. Според Ѓорѓи Наумовски, раководител на Секторот за контрола на увозот при Царинската управа, стандардот Еуро 2 овозможува увоз на стари возила до 16 години, но со подобри перформанси во однос на возилата со Еуро 1 стандардот. Годинава до први ноември оцаринети се 7.343 стари возила и 6.069 нови возила - вели Наумовски...

Во октомври увезени 1.530 возила со Еуро 2Интересот кај македонските граѓани за набавка на стари возила не стивнува. Само во месец октомври годинава набавени се рекордни 1.530 возила што го исполнуваат Еуро 2 стандардот.

Од Царинската управа на Македонија потврдуваат дека интересот продолжува и дека бројката од над 1.500 увезени употребувани возила е 5,5 пати повеќе отколку истиот месец лани. Според Ѓорѓи Наумовски, раководител на Секторот за контрола на увозот при Царинската управа, стандардот Еуро 2 овозможува увоз на стари возила до 16 години, но со подобри перформанси во однос на возилата со Еуро 1 стандардот.-Годинава до први ноември оцаринети се 7.343 стари возила и 6.069 нови возила - вели Наумовски. Тој потсетува дека најголем број на царинења имало во септември и јули, а најмалку во јануари и февруари бидејќи тогаш се уште не беше донесена владината одлука со која се дозволи увоз на стари возила до 18 години и со Еуро 1 стандард.

Од 13 март годинава, Владата не само што ја зголеми старосната граница за увоз на половни возила, туку ги коригираше и акцизите и царините, значително ги намали давачките за увоз на стари автомобили, но и значително ја поедностави постапката за царинење.-Акцизата се пресметува врз основа на вредноста на возилото. За возила со помала вредност од 3.000 евра не се плаќа акциза, за возила до 4.000 евра акцизата е 0,5 отсто, а за автомобили до 5.000 евра е 1 отсто - потсетуваат од Царинската управа.

Со измена на Законот за царинска тарифа, царинската стапка за увоз на употребувани возила падна од 10 на 5 проценти, а за возила произведени во Европската унија од 2 на 1 отсто. За примена на намалена стапка потребен е доказ за потекло или изјава во фактурата според која е набавено возилото.

Министерот за финансии и вицепремиер, Зоран Ставрески, најави дека дел од новата законска регулатива е од први јануари 2011 година царинската стапка за возилата од ЕУ да биде нула.Од увозот на старите автомобили досега во државната каса се инкасирани околу 10 милиони евра.

Во Царината располагаат и со податоци за увозот на моторни возила за превоз на стоки, при што е утврдено дека за десет месеци годинава увезени се само 794 нови возила, наспроти 2.369 употребувани.-Од моторни возила за превоз на десет или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, набавени се 535 употребувани возила, а само 15 нови - вели Наумовски. Според него, најголем увоз од сите видови на возила: старо-нови, патнички, за превоз на стоки или повеќе лица, во септември е достигната бројка од 9.483, а вкупнот износ за првите 10 месеци од годинава изнесува 57.125 возила.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik